Participants

Contact & Activities

Participating city

Пехчево ()
3.500 inhabitants

Local contact

одд. за правни, општи работи и јавни дејности
Душко Миовски
ул. ,,Равен,, бр. 8 Пехчево
++389 33441321

Participation 2017

The participant is committed to:

Carrying out a Car-Free Day event by closing one or more streets to traffic, and opening it to pedestrians, cyclists and public transport. This should preferably happen on 22 September to mark your town or city as part of World Car-Free Day.
Zone opened to residents on Car-Free Day:
Општина Пехчево се вклучува во кампањата за одбележување на ,,Европската недела на мобилност,, и по тој повод Ве покануваме да се вклучите и Вие заедно да го одбележиме ,,22 Септември - Ден без автомобили,,.
Со приклучување кон Европската недела на мобилност и почитување на нејзините цели сите ние правиме многу за чистотата на воздухот и животната средина во која живееме, за квалитетот на животот, за безбедноста во градот, за своето сопствено физичко и психичко здравје.
Европската недела на мобилност е кампања која промовира визија на градски улици на кои не доминираат моторните возила. Тоа е недела на велосипедистите, пешаците, возачите на ролери, тротинети, скејт-борди, корисниците на инвалидски колички, на сите учесници во сообраќајот кои не ја загадуваат животната средина, не прават бучава, не го заземаат животниот простор на своите сограѓани.
За таа цел општина Пехчево во соработка со ООУ ,,Ванчо Китанов,, - Пехчево и училишниот спортски клуб Ванчо Китанов на ден 22.09.2017 година (петок) во периодот од 14:30 до 15:30 часот организира крос натпревар.
Во трката ќе земат учество учениците од VI (шесто) до IX (деветто) одделение од ООУ ,,Ванчо Китанов,, - Пехчево:
Прва трка: ученици од VI (шесто) до IX (деветто) одделение од ООУ ,,Ванчо Китанов,, - Пехчево - машки;
Втора трка: ученици од VI (шесто) до IX (деветто) одделение од ООУ ,,Ванчо Китанов,, - Пехчево - женски;

Трката ќе биде на улица Равен во Пехчево.
Од страна на општина Пехчево, во соработка со Министерството за внатрешни работи на 22.09.2017 година на ,,Денот без автомобили,, во периодот од 14:30 до 15:30 часот ќе биде овозможено улицата Равен да биде затворена за сообраќај.