Detailed description (original language): Здружението на граѓани Еко Логик од септември 2018 година започна со спроведување на проектот ‘‘Вело Училишта‘‘, кој е поддржан од Швајцарската Агенција за развој и соработка. Во рамките на самиот проект Вело Училишта се одржуваат и настаните Вело Родео кои имаат за цел развивање на вештините и способностите за безбедно возење велосипед вклучувајќи ги: баланс, контрола, тргнување, забрзување и запирање. Вело Родео беше дел од кампањата на Делегација на Европската Унија – Чисто како Дома исто која се орджа во Мај 2019 посетувајќи повеќе градови низ државата како Куманово, Виница, Свети Николе, Струга и многу други. Вело Родео како дел од проектот Вело Училишта е поддржан од Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија.
Во рамките на тој период нашиот веќе препознатливиот настан Вело Родео како дел од проектот Вело Училишта ќе го одржиме во следните општини:
КОЧАНИ: 16.09.2019 понеделник
време: 11.30-13.30
место: ОУ Малина Поп Иванова
ДЕЛЧЕВО: 17.09.2019 вторник
време: 12.00-14.00
место: ОУ Св.Климент Охридски
НЕГОТИНО: 18.09.2019 среда
време: 12.00-14.00
место: ОУ Гоце Делчев
ВЕЛЕС: 19.09.2019 четврток
време: 11.00-13.00
место: Младински Парк Велес
СКОПЈЕ- Централен настан: 21.09.2019 сабота
време: 11.00-14.00
место: Школка-Градски Парк
Вело Родео настанот е од отворен карактер и право на учество имаат сите ученици од основните училишта од 4то до 9то одделение кои имаат желба да возат велосипед како и активно и едукативно да се забавуваат преку нашите едукативни игри кои ги имаме подготвено како: Еко Не лути се човече (во реална големина), сложувалки, Вело Меморија, Еко квиз и многу други.
Вело Родео настанот се основа на тоа преку игра, забава и едукација учениците да ја пренесат пораката за придобивките од возење велосипед како баланс, безбедност, сигнализација, контрола, тргнување, забрзување и запирање. Учениците ќе имаат можност да ги покажат своите вештини преку: полигонско возење со препреки, возење во круг, како и возење по даски и препреки.
На самиот почеток на Европската недела на мобилност исто така ќе биде отворен јавен литературен и ликовен конкурс на кој право на учество имаат сите заинтересирани ученици од 1во до 9то одделение. Теми на кој што можат да творат се следните:
„Велосипедот од моите соништа“
„Безбедност на сообраќајот во мојата околина“
„Задача на сите е да ја зачуваме животната средина. Како да го направиме тоа?“