16 September
По повод Европската недела на мобилност, в понеделник, 16 септември 2019 г. Општина Кочани и ОУ „Малина Попиванова“ организираат настани чија цел е да се насочи вниманието на јавноста кон подобрување на јавното здравје и квалитетот на животот преку промовирање на одржлив урбан транспорт. За таа цел во 11 ч. од Градскиот плоштад во Кочани ќе појде велосипедско дефиле кон училишниот двор на „Малина Попиванова“, каде ќе се одржи настанот „Велородео“. Во велосипедското дефиле ќе учествуваат ученици од сите кочански основни училишта, како и од училиштата од Чешиново-Облешево и Зрновци (учесниците ќе пристигнат на Градскиот плоштад во Кочани), а во настаните ќе бидат вклучени и ученици од Виница и Блатец (учесниците директно ќе пристигнат во ОУ„Малина Попиванова“ Кочани).
Со договорените групи учесници во велосипедиското дефиле движењето кон зборното место Градски плоштад Кочани започнува во 10:30ч од следниве училишта:
ОУ„Крсте Петков Мисирков“ Оризари
ОУ„Раде Кратовче“ Кочани
ОУ„Никола Карев“ Кочани
ОУ„Кирил и Методи“ Кочани
Велосипедското дефиле предводено од Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, ќе појде во 11 ч. од Градскиот плоштад во Кочани кон училишниот двор на „Малина Попиванова“ Кочани каде ќе се одржи настанот „Велородео“.
Од учесниците во настанот за обележување на Европска недела на мобилност очекуваме одговорно однесување, организираност и грижа за ред, дисциплина и безбедност во сообраќајот.
За настанот се информирани медиумите и поканети се граѓаните, граѓанските организации и сите заинтересирани да се вклучат во безбедно пешачење и возење велосипед во интерес за подобрување на нашето здравје, заштита на животната средина и запштеда на личниот буџет.