21 September
По повод Европската недела на мобилност, в понеделник, 21 септември 2020 г. Општина Кочани организира велосипедска прошетка.
Велосипедската прошетка ќе започне во 17 ч. од Градски плоштад во Кочани кон Грдовци – Мојанци – Горни Подлог – Долни Подлог – Кочани (Градски плоштад).
Во 15-километарската прошетка со велосипеди поканети се да учествуваат сите љубители на велосипедот, рекреативци, ентузијасти, членови на спортски и велосипедски здруженија. Од учесниците на настанот очекуваме одговорно однесување, почитување на протоколите за заштита од ширење на коронавирусот, организираност и грижа за ред, дисциплина и безбедност во сообраќајот. За настанот се информирани медиумите и поканети се граѓаните, граѓанските организации и сите заинтересирани да се вклучат со безбедно возење велосипед во интерес за подобрување на квалитетот на живот, нашето и јавното здравје.
Со настанот ќе се обележи Европска недела на мобилност, ќе се поттикне користењето на превозни средства што не ја загадуваат животната средина со мотивација за заштеда на личниот буџет.