19 September
Децата од предшколска возраст ќе имаат едукативна средба со претставници од ПС ОН Гевгелија-запознавање со сообраќајна сигнализација за пешаци,настан кој се одржува под мотото -Пешачи со нас
20 September
Првачињата ќе бидат дел од Европската недела на мобилност-пешачи безбедно од дома до школо и обратно-настан поддржан од Европската Делегација во РСМ и ЕУ Инфо центарот во Скопје, кои се ко-спонзори на целата активност заедно со МЖСПП, Општина Гевгелија, Основните училишта во Гевгелија, ОСБСП Гевгелија и ПС ОН Гевгелија
21 September
Активност од страна на пензионерите-Пензионерите на велосипед ,возење велосипед од Гевгелија до Негорски Бањи
Здружение Планинарски Спортски Клуб Кожуф Гевгелија ќе се вклучат со активност -ден на пешачење до Двете уши на Кожуф планина
22 September
Ден без автомобили-традиционално овој ден се одбележува со дефиле на велосипедисти на кое учество земаат сите граѓани на општина Гевгелија вклучувајќи ги и најмалите-деца од основните училишта, рекреативци велосипедисти, планинарските друштва, пензионерите , невладини организации и сите останати жители екологисти кои сакаат почиста животна средина.