„Споделен јавен простор“ (Shared Public Space).
Настанот ќе се одржи на паркинг просторот пред училиштето "Григор Прличев" на 17.09.20924 година, од 07.00 до 12.00 часот ќе биде пренаменет во паркинг за велосипеди и игралиште за деца каде ќе се одвива целата манифестација на Европската недела на мобилност во општина Гази Баба. Настанот ќе се одвива во два дела:
Прв Дел – возење на децата во т.н. вело бус. Имено, вело бус е активност во која одговорното лице (пр. организаторот на настанот, некој родител или група родители) ги собира децата од некоја почетна појдовна точка и сите заедно, еден позади друг (слично како автобус), возат велосипед по маалските улици (велосипедските патеки) и пристигнуваат заедно во градинка и на училиште:
7:00 - 7:30 часот – зборно место за започнување со вело бус: паркинг простор на кој Градоначалникот на општина Гази Баба заедно со вработени од Општината се чекаат со дечињата и нивните родители, со можност за давање изјава за медиуми. 7:30 часот почеток на групно возење на велосипеди (вело бус) низ населба Железара
8:00 часот оставање на дечињата во градинката "Калинка" и ОУ "Григор Прличев".
Втор Дел - спроведување на актвиноста маалски игри на паркинг просторот во основното училиште “Григор Прличев”:
8:00 - 9:00 часот - припрема на паркинг просторот пред ОУ "Григор Прличев" за маалски игри (цртање полиња за игра, вадење маси, столчиња, итн)
9:00 - 10:30 часот - маалски игри и хор во кој дечињата од градинка ќе пејат песнички
10:30 - 12:00 часот - маалски игри (школка, сервис, ластик, скокање јаже, фанта, грабни стапче, џамија, долга магарица...) и меѓугенерациска дружба преку игра на шах