Петок, 20.09.2024 г. со следните активности:
1. Во рамките на проектот: „Зад урбаното“, финансиран од ЕУ програмата URBACT, во соработка со РСБСП- Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и ОСБСП Кочани во периодот од 12 – 14 ч. во Градскиот парк Кочани ќе се одржи едукативен настан со велоучилишта со следните тематски области:
- Подобрување на велосипедски вештини со велоучилишта и
- Како сакам да изгледа мојот град Кочани со примена на лего коцки.
2. „Велотура по патеката на оризот 2024“, со почеток во 15 ч. пред зградата на Општина Кочани, Градски плоштад во Кочани. „Велотура по патеката на оризот 2024“ е со следнава агенда:
14:30 – 15:00 ч. – Градски плоштад Кочани (пред зградата на Општина Кочани)– зборно место за учесниците во велосипедската тура. Координација пред поаѓање на организаторите и поддржувачите на настанот: градоначалник, службите за сообраќај во Општина Кочани, МВР ОВР ПС Кочани, РСБСП, ОСБСП Кочани, наставници од основни училишта; професори од средни училишта; претставници на велосипедски и спортски клубови, здруженија, претставници од бизнис-сектор, пензионери, волонтери, активисти...
15:00 – Обраќање на градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов
15:05- Промоција на 4 електрични велосипеди за користење на општинската администрација на Општина Кочани како дел проектот: „Зад урбаното“, финансиран од ЕУ програмата URBACT
15:15- Старт на „Велотура по патеката на оризот 2024“ од Градскиот плоштад, Грдовци, Мојанци;
15:55- 16:30ч. Краток одмор и закуска во Мојанци
16:30- 17:00ч. Поаѓање од Мојанци, преку Подлог продолжување кон Кочани, Градски плоштад.
Како дел од активностите за обележување на Европска недела на мобилност во Кочани на настанот се поканети да учествуваат сите љубители на велосипедот, рекреативци, ентузијасти, здруженија, активисти, волонтери, посебно образовните институции. Настаните се од отворен тип со повик за масовност заради подобрување на квалитетот на живот, личното и јавното здравје.
Од учесниците на настанот очекуваме одговорно однесување, организираност и грижа за ред, дисциплина и безбедност во сообраќајот.