All week
Оваа година општината Аеродром ќе се приклучи на европската кампања за промоција на одржлив и „чист“ урбан транспорт со кои ќе се достигнат повеќекратни ефекти врз квалитеот на воздухот, животната средина, здравјето на луѓето и квалитетот на урбаното живеење.
Под мотото „Движи се рационално-штеди енергија“ во општината ќе се организираат различни активности во текот на целата недела, со кои ќе се придонесе до намалување на емисиите на штетни гасови во воздухот.
Активностите ќе се организираат во општинските основни училишта и градинки. На истите ќе ги поканиме да ни се приклучат граѓаните, невладините организации, општествено одговорните компании на територијата на општината, вработените во општината и сл. Ќе се организираат различни настани за славење и промоција од различни форми и тоа прошетки , возење велосипеди и тротинети, улични игри, ликовни творења на тема мобилност, јавни предавања и многу други активности.
16 September
Координативни актвности со училиштата и градинките
17 September
Припрема на сите активности поединечно
18 September
1. Општина Аеродром-Пуштање на субвенции за велосипеди и електрични тротинети
Општината Аеродром и оваа година ќе објави Јавен повик за надоместување на дел на трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Аеродром за набавка на велосипеди и електрични тротинети. Повикот ќе биде објавен на 18.9 и ќе трае до 17.10 односно до исцрпување на средствата предвидени за таа намена.
2. Градинка Буба Мара -Детска улица 9.30ч,
Тема „Низ детските игри порака праќаме, чиста околина сакаме и за неа се грижиме“ Возење на тротинети и велосипеди по детска улица -Цртање на тема мобилност
3. Двор на ООУ „Лазо Ангеловски“-11ч.-Учениците од училиштето
Тема „За чиста и здрава животна средина –се движиме и возиме без да загадуваме“,
Сликање, Возење на тротинети по даден полигон ,Возење на ролерки по даден полигон
4. ООУ.„Гоце Делчев“-Ученици од прво и шесто одделение (еден училишен час 40-45мин)
Тема „Со Велосипед и тротинет до поубав свет“ Ликовно творење
5. ООУ.„Љубен Лапе“-Одделенски наставник во IV-6 -60мин
Изработка на Еко пароли и прошетка до паркот „Тоше Проевски“
6. ООУ.„Љубен Лапе“-Одделенски наставници на II-1 , II-2, II-4, II-6 одделение
Прошетка во училишна околина и пишување на пораки на тема „Движи се рационално и штеди енергија“
19 September
1. Училишен двор-ООУ.„Блаже Конески“- ученици од повисоките одделенија-9.00ч.
Возење на велосипеди и ролерки
2. Градинка „ Срничка“-Кошаркарско игралиште до управата на градинката- Дечињата од градинката-9.30ч
Тема: „Движи се за здравје“
Напомена:
Во сите шест клонови –објекти во склоп на управата во текот на целата недела ќе има активности со кои ќе се подигне свеста за мобилноста на дечињата од најмала возраст.
Воедно ќе се спроведе и иницијата за родителите кои ги носат своите деца во градинка да доаѓаат со велосипеди
3. ООУ.„Александар Македонски“-учениците од училиштето-12ч.
Активности за мобилност –возење на велосипеди и ролерки во училишниот двор
Реупотреба на расипаните велосипеди-нивна поправка до најблискиот лоциран Вулканизер-мајстор во ТЦ.„Населба Лисиче“
4. ООУ.„Гоце Делчев“-Ученици од второ одделение(еден училишен час 40-45мин)-Училишен двор
Возење на тротинет
5. ООУ.„Гоце Делчев“-Ученици од седмо одделение (еден училишен час 40-45мин)
Литературно творење на тема –Со велосипед и тротинет за поубав свет
6. . ООУ.„Љубен Лапе“-Одделенските наставници II-3 , II-5 одделение
Изработка на плакати со еко пораки
7.ООУ.„Љубен Лапе“-Одговорен наставник во Дневен престој
Цртање на тема „Возење со велосипед и тротинет во парк“
8.ООУ.„Љубен Лапе“-Одделенски наставник на IV-3
Изработка на Еко флаери и нивно прикачување на паркираните автомобили во близина на училиштето
9. ООУ.„Љубен Лапе“-Одделенски наставник на IV-2
Цртање и творење во училишниот двор
20 September
1. Централен настан во општина Аеродром-ООУ„Ѓорѓија Пулевски“-10.00ч.
Возење на велосипеди и тротинети на полигонот ,игри без граници на полигонот во училишен двор на ООУ„Ѓорѓија Пулевски“
2. ООУ.„Гоце Делчев“-Ученици од трето одделение -(еден училишен час 40-45мин)
Пешачење до блиската околина
3. ООУ.„Гоце Делчев“-Ученици од осмо одделение -(еден училишен час 40-45мин)
Возење полигон во училишниот двор
4.ООУ.„Љубен Лапе“-Одделенските наставници на V -1 , V-2, V-3, V-4, V-5
Изработка на флаери и нивна поделба во околните згради на училиштето
5. ООУ.„Љубен Лапе“-Одделенски наставници на IV-4 и IV-5 и наставникот по физичко
Полигон во училишниот двор
21 September
1. ООУ.„Гоце Делчев“-Ученици од деветто одделение- (еден училишен час 40-45мин)
Возење на велосипед и тротинет во училишниот двор
2. ООУ.„Љубен Лапе“-Одделенските наставници на V -1 , V-2, V-3, V-4, V-5
Изработка на флаери и нивна поделба на вработените и учениците во училиштето
3. ООУ.„Гоце Делчев“-Ученици од четврто одделение -(еден училишен час 40-45мин)
Возење на велосипед во училишниот двор
22 September
1. Почетна дестинација –Општина Аеродром, Крајна дестинација- Авионче
Возење на велосипеди -11ч.
Дел од вработените на општина Аеродром, вработени од градинки и училишта, ученици од основните училишта, покана до граѓани и здруженија, како и општествено одговорни компании
2. ООУ.„Гоце Делчев“-Ученици од петто одделение (еден училишен час 40-45мин)
Литературно творење на тема –Со велосипед и тротинет до поубав свет
3. ООУ.„Љубен Лапе“-Одделенските наставници од активот на III одделение
Ликовно творење и еко пароли на тема „Здрава и чиста околина“
5. ООУ.„Браќа Миладиновци“-Ученици од прво и второ одделение
Pop the bubble-Пукни го балончето
Опис на активноста: Наставникот прави балони од сапуница , а учениците со тротинети ги бркаат да ги пукнат
6. ООУ.„Браќа Миладиновци“-Ученици од трето и четврто одделение
„Мачкино опавче со велосипеди“
Опис на активноста: Еден ученик има закачено марама на задниот дел на велосипедот, а друг ученик го брка за да му ја земе
7. ООУ.„Браќа Миладиновци“-Ученици од петто одделение
Учениците возат велосипедипо една линија најспоро што можат без да допрат со нозе на земја
8. ООУ.„Браќа Миладиновци“-Ученици од шестто до деветто одделение
Игри без граници со велосипеди