Zone opened to residents on Car-Free Day:
Ден без автомобили – 22 септември
По мерка Возење велосипеди: Планирни активности
- Велосипедска поворка по поголема сообраќајница во Општина Струмица, преку што ќе го промовираме овој алтернативен начин на транспорт кој штеди на простор за паркинг и на време потребно да се стигне на работа или до други локации, и не предизвикуваат бучава и загадување на животната средина. Целта е да се стави акцент на важноста и бенефитот од користење на велосипеди.
- Друга активност е промоција на проектот Обележување на велосипедските патеки во Општина Струмица. Да се организира настан ‘Ден на работа со велосипед‘ и да се наградат со благодарници или бесплатно кафе/појадок за луѓето кои одат на работа со велосипед;
- Иницијатива да се направат три пункта со Рент на велосипеди со кои ќе стопанисува ЈП Паркиралишта ( преку јавно приватно партерство со некоја локална компанија).
- Настан кој ќе вклучи деца од ликовните секции од основните училишта кои ќе цртат на теми Ден без автомобили, ЕУ, екологија – со овој настан ќе почне поворката и кога ќе се вратат велосипедистите децата ќе ги изложат цртежите и градоначалникот да даде изјава).